Грчкиот претседател Прокопис Павлопулос изјави дека Европската агенција за управување на надворешните граници (Фронтекс) треба да се вклучи покативно во обезбедувањето на границите на земјите-членки на Европската унија.
– Границите на Грција се и граници на Европа, нагласи Павлопулос.
– Со ваков катастрофален прилив на имигранти, со кој сега се соочуваме во Грција, ЕУ треба на себе да ја преземе одговорноста за обезбедување на границите на земјите-членки и поактивно за таа цел да ја искористи Фронтекс, посочи грчкиот претседател.
Според него Фронтекс треба да претпри некои измени и да стане слична на Европол.