Павичевиќ: Официјален Белград нема да преговара со Тачи

Од:

Шефот на белградскиот тим во дијалогот со Приштина, Дејан Павичевиќ изјави дека никој од белградските официјални претставници нема да може да преговара со косовскиот премиер Хашим Тачи поради неговото минато и обвинувањата за злосторства.

Поради неговото минато и обвинувањата што се поврзуваат за него, разговорите со него не се можни. Додека овие обвинувања не се истражат и додека судот не каже дали е виновен или не е, Тачи не може да биде соговорник никому од официјален Белград, па ниту мене – изјави Павичевиќ за „Прес“.

Тој нагласи дека за продолжение на дијалогот мора да се дефинира јасна стратегија за да се избегнат ад-хок решенија и да се намали штетата од претходниот период.

Владата на Србија има многу јасен став, јасна стратегија и добра комуникација за ова прашање со претседателот Томислав Николиќ, уште од првиот ден на неговото стапување на функцијата – наведе Павичевиќ.

Продолжението на дијалогот, како што оцени тој, најмногу зависи од очекуваната средба на претседателот Николиќ и високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Кетрин Ештон.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Уапсен возачот кој со автомобил удри студентка во Белград

Луксузниот хотел во Белград ќе се вика Трамп

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Косовската полиција затвори 35 српски институции

Верма: Санкциите се насочени кон Русија, а не кон Србија

Америка воведе санкции за српската нафтена индустрија

Убиство во Инџија, уапсени се три лица, по четвртиот се трага

Горан Наумовски