Павичевиќ: Белград и Приштина на 17 јуни ќе разменат само офицери за врска без дипломатски статус

Од:

На 17 јуни Белград и Приштина ќе разменат само офицери за врска, кои нема да имаат никаков дипломатски статус, протокол или имунитет, и нема да стапат на должност врз основа на агремани, пишува белградскиот весник „Новости“.

– Приштина во петокот, во последниот круг од разговорите со Белград, се откажа од барањето да се отворат специјални кабинети, со екипи, според моделот на амбасади, за „Новости“ изјави српскиот офицер за врска Дејан Павичевиќ и додаде дека на тој начин целосно се создале условите тој да почне со работа во Приштина, а косовскиот претставник Лулзим Пеци во Белград.

-Ќе го имаме само задолжителното полициско обезбедување, што е наполно нормално заради специфичните односи меѓу Србите и Албанците, рече Павичечиќ.

Коментирајќи ја изјавата на косовскиот вицепремиер Едита Тахири дека во Белград ќе почне со работа „амбасадор на Република Косово“, Павичевиќ кажа дека „може да се нарече и англиска кралица, но тоа нема да е точно“.

Офицерите за врска нема да имаат никакви назначувања или дипломатски надлежности, какви што имаат амбасадодите, согласно Виенската конвенција.

Павичевиќ изјави дека главна задача на офицерите годинава ќе биде да го спроведуваат бриселскиот договор, постигнат од премиерите Ивица Дачиќ и Хашим Тачи.

Би можело да ве интересира

Нема настава во училиштата во Србија поради протест на просветните работници

(ВИДЕО) Таткото на Александар исчезнат на Кипар објави снимка, смета дека е пронајден неговиот син

Предраг Петровиќ

„Парадата на гордоста“ ги преплави белградските улици

Предраг Петровиќ

Николоски: Ќе се гради гасен интерконектор меѓу Македонија и Србија

Лекот „диклофен“ oд 50 милиграми на „Галеника“ е повлечен од аптеките во Србија

Горан Наумовски

Стопанската комора на Србија отвора претставништво во Скопје