И покрај силното противење и протести на локалната заедница против поставувањето на лансирани рампи на ракетниот систем Патриот на турска територија, тие ќе бидат ставени во функција уште овој викенд.
Околу 1.200 германски, американски и холандски војници се распоредени на локации со задача да го одржуваат системот, чија задача не би требало да биде ништо повеќе од одбрана од потенцијален напад на Сирија. Првиот од трите контингенти, кој ќе започне со оперативно дејство е холандскиот.
Очекуваме воспоставување основно оперативно дејство и поврзаност со НАТО уште овој викенд, додека потполно дејствување може да се воспостави до крајот на месецот, изјави британскиот полковник Гери Декин.
Истовремено локалните заедници се бесни поради присуството на странски војници во нивната земја, како и фактот дека во случај на конфликт тие први ќе бидат изложени на смртоносни удари. Протестите организирани од страна на левичарските и десничарските политички мислења го покажуваат националното единство против таквото однесување на власта и потенцијалното подлабоко вовлекување во сирискиот конфликт.
Локално, поединци се скептични во врска со изговорот дека поставувањето на системот е корисно за одбраната на Турција:
Проектилите се тука за да му помогнат на Израел во борбата против Иран, изјави Малик.
Екдер Киречи сопственик на продавница во Кахраманмарас, место каде што се сместени холандските и германските војници, околу 100 километри одалечено од границата со Сирија.
Забележани се случаи на напади на турски активисти врз германските војници, кои, за време на паузата за ручек едвај успеале да се спасат од бесните демонстранти, на кои наишле.