Патријархот Порфириј го подржа откажувањето на Европрајд во Белград

Од:

Патријархот на Српската православна црква Порфириј го поддржа откажувањето на Европрајд, чие одржување беше најавено во Белград, јави дописникот на МИА од Белград.

-Оваа тема ни е вештачки наметната и е тотално против вредносниот систем на нашиот народ, како и на нашите браќа и сестри од други религии и народи со кои живееме. За ова директно ми посведочеа претставници на традиционалните Цркви и верски заедници. Затоа, откажувањето на оваа манифестација го сметам за правилно, се вели во соопштението на Порфириј објавено на веб-страницата на СПЦ.

Тој изјави дека во душата на православните христијани е всадено учењето на црквата, изразено веќе на првите страници на Библијата, каде што пишува дека „Бог го создаде човекот како два пола, како машки и женски, што значи дека бракот и семејството, од почетокот на светот до денес и до крајот на светот и векот, е дефинирано како заедница на љубов на маж и жена со нивните деца“.

-Целосно ја разбираме фундаментално оправданата голема загриженост на нашиот народ кој во грубото промовирање и наметнување на политики и идеологии кои имаат за цел да ги уништат столбовите на кои со векови се гради нашиот идентитет, да направат сè да биде кревко, релативно и флуидно, да се почувствува длабоко и систематско загрозување на сите фундаментални вредности на кои им е верен со векови, особено на светињата на бракот и семејството, напиша Порфиј.

„Од овие причини, неколку пати во директен разговор со највисоките претставници на државата ги презентиравме причините поради кои сметаме дека е неопходно и оправдано да се откаже од Европрајд“, додаде тој.

Патријархот на СПЦ исто така изјави дека црквата е „против секаква форма на насилство, јавно жигосување и прогон на кој било“.

-Злото не се лечи и не се победува со насилство, туку на тој начин само се множи, се вели во изјавата на Порфириј.

Би можело да ве интересира

СПЦ: Српските студенти мора да одлучат во кој универзум сакаат да живеат

Горан Наумовски

Приштина му забрани на српскиот патријарх да дојде во Пеќката патријаршија во пресрет на Божик

ВИДЕО: Инциденти и приведени во Белград, парада сепак ќе има, Брнабиќ дала гаранции

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Во Белград почна Европрајд, неизвесно одржувањето на парадата

Катерина Ѓуровски

ХРВ: Оправдувањето на Белград за откажување на Европрајд е слично со аргументите на Русија за забрана на ЛГБТ маршевите

Стано: ЕУ ги охрабрува српските власти да најдат решение за одржување на Европрајд