Патријарх Иринеј: Решението за МПЦ е единствено преку СПЦ

Од:

Барањето на македонската црква од бугарската црква да и биде мајка црква нема никаква канонска ниту историска основа и е доказ за незрелост, изјави српскиот патријарх Иринеј во синоќешното интервју за ТВ Храм. Решението за МПЦ, според него, е единствено преку заедница со СПЦ.

– Не сакам никого да повредам, но факт е дека тоа што сега го направија со барањето БПЦ да им биде мајка црква нема никаква ниту канонска, ниту историска основа и само е доказ за незрелост. Ја покажуваат својата незрелост да го решат своето прашање, губејќи ја од вид состојбата во која се наоѓаат. Проблемите можеа да ги решат само во заедница со Србија која им е искрен пријател, без никакви амбиции, освен историски и фактички, но за жал тоа не го направија. Тие сакаа еден канонски проблем да го решат со пуч. Тоа не е принцип во црквата. Постојат разговори, договори, канонски основи, на што треба да инсистира и да се работи, но тие тоа го избегнуваат и одат од проблем во проблем, истакна поглаварот на СПЦ, пренесува МИА.

Би можело да ве интересира

СПЦ: Српските студенти мора да одлучат во кој универзум сакаат да живеат

Горан Наумовски

Српскиот патријарх Порфириј на Светосавската академија во Скопје

Нов портпарол на Синодот ќе биде епископот Хераклејски г. Климент

Браќата Мијалкови добија орден од МПЦ

Г.г Стефан и српскиот патријарх Порфириј во посета на Нишката епархија

Патријархот Порфорие нареди да им се исплати помош од 100.000 евра на најзагрозените во Босна и Херцеговина.

Предраг Петровиќ