ПАСОК и нуди поблиска соработка на Демократската левица

Од:

Лидерот на Сегрчкото социјалистичко движење (ПАСОК) Евангелос Венизелос и се обрати на Демократската левица (ДИМАР) во обид да иницира разговори со цел поттикнување поблиска соработка, па дури и формално спојување меѓу двете партии, јави дописникот на МИА од Атина.

Венизелос на лидерот на ДИМАР Фотис Кувелис му испрати писмо во кое го покани на преговори пред Конгресот на ПАСОК, што ќе се одржи кон крајот на месецот и предлага ДИМАР активно да учествува на собирот.

Според лидерот на ПАСОК, двете партии имаат слични идеологии и тој го пофали начинот на кој ДИМАР дејствува во Парламентот. Венизелос смета дека централно-левичарската партија е попривлечна и има поголема политичка моќ од она што е претставено во Парламентот.

Двете партии заедно освоија вкупно 18,5 проценти од гласовите на изборите во јуни минатата година.

Според извори на „Катимерини“, Кувелис реагирал на предлогот со доза на скептицизам и смета дека е можно да се работи за потег за јавноста пред конгресот на ПАСОК. Многу е веројатно лидерот на ДИМАР да ја одбие поканата да почне разговори со Венизелос пред Конгресот и да одложи секаква дискусија за по собирот.

Сепак, Кувелис за денеска свика состанок на Извршниот комитет на ДИМАР на кој ќе се одлучи како да се одговори на писмото на Венизелос.

Би можело да ве интересира

Два од земјотресите во Грција почувствувани во Гевгелија, Струмица, Велес, Скопје, Битола и Кавадарци

Катерина Ѓуровски

Се тресе Грција: девет земјотреси за еден час, најсилниот со јачина од 5.3 степени

Катерина Ѓуровски

Конфликтот меѓу две семејства во Грција загина тригодишно дете

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната