Грчките граѓани ќе платат специјален данок и токму затоа Владата брза со изборите, изјави лидерката на опозициската ПАСОК Фофи Генимата за телевизијата Мега.
Таа рече дека премиерот Алексис Ципрас одлучил да спроведе избори пред грчкиот народ да сфати што всушност вклучува договорот со кредиторите.
Спорд Генимата, граѓаните ќе мора да платат 14 милијарди евра како резултат на грешките на Ципрас и безусловниот договор што го потпишал.