Партијата на Ердоган ќе отвора претставништво во Македонија

Од:

Партијата на претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган, Партија на правдата и развојот (АКП) ќе отвори свои претставништва во Македонија, Босна и Херцеговина, Велика Британија, Германија, Русија, САД и Франција.

Партискиот потпретседател за надворешни работи, Мехди Екер најави дека е предвидено формирање на партиски претставништва, како во Турција, така и надвор од земјата, па врз основа на одлука на Ердоган е покрената постака за отворање канцеларии на партијата во девет градови во седум земји.

– При тоа внимаваме на одредени постапки, закони и правилници во секоја од земјите. Некаде можеби ќе дејствуваме како здруженија, некаде како фондации, а некаде директно како партиски претставништва, потенцира Екер.

Претставништвата на АКП ќе функционираат како контакт пукнтови за турските државјани, но и за политичките партии и претставници на власта на секоја од земјите.

Екер наведува дека изборот на градовите во кои ќе бидат отворени претставништва е напарвен врз основа на нивната улога на глобални центри, како што се Вашингтон или Њујорк, или како места со кои Турција има историски и културолошки врски, интензивна економска соработка или каде што живеат Турци, како што е случајот со Балканот.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Турција уапси 234 лица во рамките на меѓународната операција против нарко-мафијата

Европол: Откриени четири главни мрежи за шверц на дрога во ЕУ и Турција

Турција започнува реставрација на куполата на Аја Софија

А1он

Разрешениот градоначалник на Истанбул: На суд сум затоа што победив на изборите

(ВИДЕО) Снежно невреме во Анкара

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во сообраќајка загина Ѓулер Ердоган, која беше Мис на Балканот за 2022

Горан Наумовски