Партијата на Чамите, Партија за правда, интеграција и единство, чиј лидер е Шпетим Идризи го финализираше договорот со владејачката Социјалистичка партија и станува дел од албанската владина коалција, јави дописникот на МИА од Тирана.
Со договорот на кој свои потписи ставија Идризи и Еди Рама, по четирисет минутната средба вчера доцна попладне, партиите договорија заедно да настапат и на локалните избори закажани за 21 јуни годинава.
– Партијата за правда, интеграција и единство е многу значаен партнер. Засега нема конкретни имиња, но оваа партија ќе има свои кандидати каде што влијанието на партијата е поголемо, изјави Рама.
Идризи оцени дека соработката со Социјалистичката партија е програмирана и за да се зголеми застапеноста на партијата во инститциите.
Засега точно не се знаат функциите кои ќе ги добие оваа партија во бласта.
Кон оваа изборна коалиција се приклучи и партијата на Илир Мета, Движење за социјалистичка интеграција, додека партиите, на поранешниот шеф на дипломатијата Паскал Миљо и екс претседателот на парламентот Скендер Ѓонуши, кои беа дел од изборната коалиција од претходните ибори се надвор од коалицијата. Според медиумите, наместо ним, Рама и понудил соработка за локалните избори на партијата на поранешнот шеф на државата, Бамир Топи.