Парламентот на Северен Кипар денеска и изгласа недоверба на Владата на Ирсен Ќучук од Партијата за национално единство (УБП), јави Анадолија.
Собранието, кое брои 50 пратенички места, со 27 гласа „за“ на пратениците на Републиканската турска партија (ЦТП), Демократската партија (ДП) и Социјалдемократската партија (СДП), и 21 глас „против“ на пратениците од УБП, како и еден невалиден, и изгласа недоверба на Владата.
Претседателот на Парламентот Хасан Бозер изјави дека според правилата по изгласаната недоверба на Советот на министри, премиерот Ќучак треба да поднесе оставка до претседателот на Северен Кипар Дервиш Ероглу.
Владата на Ќучак беше на власт од 17 мај 2010 година. Откако на 26 мај осум пратеници истапија од УБП, владејчката партија го загуби парламентарното мнозинство, по што Парламентот донесе одлука за одржување предвремени избори на 28 јули.