Парламентарни избори во Црна Гора на 14 октомври

Од:

Парламентарните избори во Црна Гора ќе се одржат на 14 октомври, одлучи денеска шефот на државата Филип Вујановиќ.

Тие ќе бидат деветти од воведувањето на повеќепартискиот систем во Црна Гора, односно трети по прогласувањето независност во 2006 година.

Според одлуката за распишување избори, рокот за доставување изборни листи за пратеници до Државната изборна комисија почнува од 20 август, а завршува на 19 септември.

Вујановиќ за 14 октомври распишал и локални избори во Никшиќ, Будва и Котор.

Членките на црногорската владејачка опозиција Демократската партија на социјалистите (ДПС) и Социјалдемократската партија (СДП) повторно заедно ќе настапат на парламентарните избори. На тој начин владејачката коалиција во Црна Гора ќе го продолжи „политичкиот брак“, кој трае веќе 14 години.

Од друга страна, и понатаму е отворено прашањето за опозицискиот настап на изборите, бидејќи најсилната опозициска партија Социјалистичката народна партија (СНП) се уште не донела конечна одлука.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Блокади во Црна Гора поради масакрот во Цетиње: „Оставка, политичари!“

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Црногорските студенти го блокираа патот поради масакрот во Цетиње

Горан Наумовски

И во Црна Гора денеска се бојкотираат продавници, премиерот им даде поддршка на граѓаните

Милатовиќ: Црна Гора ќе биде 28-ма членка на ЕУ

860 луѓе добија црногорски „Златен пасош“

Силен земјотрес во Црна Гора, се почувствува и во регионот

Горан Наумовски