Парламентарни делегации од тринаесет земји од Централна и Југоисточна Европа денеска ќе разговараат за промоција на иновациите во регионот на состанок организиран од Бугарското народно собрание, соопшти неговиот прес-центар.
Во 2022 година, Бугарија е претседавач со Централноевропската иницијатива. Средбата ќе започне со говор на претседавачот на организацијата и шеф на бугарската делегација во организацијата Деница Симеонова.
Претседателот на 47. Народно собрание на Бугарија Никола Минчев ќе ги прими меѓународните делегации и ќе ги поздрави гостите на меѓународната средба. Учесниците на форумот ќе ги поздрават претседателот на бугарскиот парламентарен комитет за економска политика и иновации Мартин Димитров, министрите за иновации и раст Даниел Лорер и министерот за образование и наука Николај Денков, претседателот на Бугарската национална асоцијација за Мал и среден бизнис Елеонора Негулова, како и извршниот директор на бугарската стартап асоцијација Недјалко Дервенков, јави дописникот на МИА од Софија.