Париз и Берлин со предупредување до бугарските политичари: Прекинете ги врските со олигарсите

Од:

Амбасадорите на Франција и на Германија во Софија побараа денеска од бугарските лидери да ги прекинат врските со олигарсите, во услово кога илјадници граѓани ги продолжуваат протестите против корумпираните политички елити.

Во невообичаена заедничка изјава на странски дипломати за внатрешната ситуација во Бугарија, амбасадорите Филип Отие и Матијас Хепфнер изразуваат загриженост поради актуелната состојба во оваа земја-членка на ЕУ.

– Членувањето во ЕУ е цивилизациски избор. Тука нема место за олигархиски модел, ниту во Бугарија, нути каде било, се наведува во изјавата на двајцата амбасадори, кои додаваат дека доброто управување со Бугарија не е во интерес само на бугарските граѓани, туку и на целата Унија.

Инаку, Франција и Германија се најголемите донатори во фондовите на ЕУ кои ги користи Бугарија.

Неколку илјади граѓани секојдневно, веќе 24 дена, се собираат на протести против корупцијата и бараат оставка на Владата.

Протестите започнаа поради именувањето на контроверзниот медиумски магнат Делјан Пеевски за директор на Државната агенција за национална безбедност (ДАНС).

– Очигледно е дека бугарското општество е незадоволно од влијанието на приватните интереси во политиката, оценуваат двајцата амбасадори, нагласувајќи дека е „неопходно на јавни функции да бидат именувани кандидати со добра репутација, бидејќи нетранспарентните назначувања можат само да им бидат од корист на корупцијата и организираниот криминал“.

Бугарија која во 2007 година стана членка на ЕУ, се наоѓа под специјален механизам на мониторинг од страна на Брисел поради бавните реформи во судството, слабите резултати во борбата против организираниот криминал и неспособноста да ја искорени корупцијата.

Би можело да ве интересира

„Еуроњуз“: Зошто обновените тензии со соседите ја закочија Северна Македонија во ЕУ?

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени

Сиљановска Давкова: Договор за пријателство со Бугарија нема одредба за менување на Уставот

Горан Наумовски

Главчев: Македонија едноставно треба да ги исполни барањата на ЕУ

Медиуми: 1,6 милиони евра поврзани со нападот во Либан поминале низ Бугарија

Горан Наумовски

Бугарското МНР за знамињата на средбата меѓу Сиљановска Давкова и Радев: Посетата не беше официјална