„Парада меѓу четири ѕидови“

Од:

Во Белград ќе биде одржана „Парада меѓу четири ѕидови“ наместо прошетката која полицијата ја заборани од безбедносни причини.

Како што е најавено „Парадата меѓу четири ѕидови“ ќе започне во 10 часот во белградскиот Медија центар, а се очекува поддршка и присуство на бројни познати личности.

Организаторите на Парадата, најавија дека поради одлуката на полицијата да ја забрани прошетката, ќе се обратат во Уставниот суд.

Членот на Одборот за организирање, Горан Милетиќ порача дека „Парадата не е циркус кој ќе исчезне од градот“ и истакна дека претставниците на ЛГБТ популацијата „се тука и ќе останат тука во наредните години“.

„Претставниците на власта погрешиле, ако мислат дека се уморивме и дека ќе се откажеме“, рече Милетиќ

Тој потсети дека Уставниот суд претходно ја прогласи за неуставна одлуката според која поради ризик не е дозволено одржување на Парадата на гордоста во 2009-та година и истакна дека ќе инсистира на реализација на таа одлука.

„Никој од нас не беше известен од постоење на енормни ризици по безбедноста, информациите кои ги добивавме говореа дека полицијата може да ја контролира ситуацијата“, додаде Милетиќ.

Парадата беше забранета во средата од безбедносни причини.

Би можело да ве интересира

Нема настава во училиштата во Србија поради протест на просветните работници

(ВИДЕО) Таткото на Александар исчезнат на Кипар објави снимка, смета дека е пронајден неговиот син

Предраг Петровиќ

„Парадата на гордоста“ ги преплави белградските улици

Предраг Петровиќ

Николоски: Ќе се гради гасен интерконектор меѓу Македонија и Србија

Лекот „диклофен“ oд 50 милиграми на „Галеника“ е повлечен од аптеките во Србија

Горан Наумовски

Стопанската комора на Србија отвора претставништво во Скопје