Папуљас со писмо од Самарас на Самитот на ЕУ

Од:

Грчкиот претседател Каролос Папуљас, кој е всушност шеф на делегацијата на Самитот на ЕУ, на европските лидери ќе им предаде писмо од премиерот Андонис Самарас во кое се бараат прилагодувања на договорот за враќање долгот на земјата кон кредиторите.

Неофицијално се дознава дека во писмото Самарас не бара специфични промени на условите за враќање на долгот, туку наведува дека се неопходни „извесни прилагодувања“ поради се поголемата рецесија и високата невработеност во земјата.

Премиерот, кого Папуљас го заменува на Самитот на ЕУ поради здравствените проблеми на Самарас по операцијата на окото, ќе биде во постојан контакт со претседателот за време на Самитот во Брисел.

Тој во телефонските разговори со италијанскиот премиер Монти, со претседателот на Европската комисијата Баросо и со францускиот претседател Оланд, ги уверувал дека Грција ќе ги исполни обврските кон кредиторите, но во меѓувреме се труди и да ги убеди на можна ревизија на условите за договорот за исплата на долгот.

Портпаролот на германската Влада, Штефен Сејберт изјави дека претставниците на тројката прво треба да ја посетат Атина за да видат колку ефективно се спроведува програмата, па потоа на таа основа да поднесат извештај.

Самитот на ЕУ се одржува денеска и утре во Брисел.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Пожари беснеат во Грција, еден избега од контрола

Предраг Петровиќ

Хорор во Грција: Го претепале и го фрлиле од тераса

Трагедија во Грција: Се удави маж од Србија, телото пренесено во Солун на обдукција

Катерина Ѓуровски

Грчки медиуми: Сиљановска вели дека се однесуваат одговорно кон Договорот од Преспа, се сомнева дали истото важи и за Грција

Туристите и граѓаните на Грција добија предупредување за лошо време на северот од земјата

Грција гори, жителите спас бараат во морето

Предраг Петровиќ