Грчкиот претседател Каролос Папуљас побара од министерството за финансии да му ги намали платата и пензијата, објави заменикот министер за финансии, Христос Стаикурас на седницата на парламентарната комисија за буџет. Претседателот, исто така, предложил да се намалат пензиите на сите поранешни претседатели на Грција, со што, според министерството, државниот буџет ќе заштеди околу 350 илјади евра годишно.
Според претседателот, платата на шефот на државата треба да се намали, заедно со намалување на платите на министрите и другите владини претставници.
Претходно во февруари, по состанокот со претседателот, грчкиот министер за финансии изјави дека Папуљас се откажал од платата за да ја поддржи земјата западната во тешка финансиска криза. Потоа беше објавено дека платата на претседателот изнесува 23 илјади евра месечно, или 278,4 илјади евра годишно, а по оданочување му остануваат годишно 192 илјади евра. Сега, како што претпоставуваат грчките медиуми, ќе се дефинира новата плата шефот на државата.