Папата Франциско пристигна во Албанија

Од:

Папата Франциско утрово допатува во Албанија, јави дописникот на МИА од Тирана.

На тиранскиот аеродром го пречекаа премиерот Еди Рама, шефот на дипломатијата Дитмир Бушати и минисерката за култура Мирела Кумбаро, заедно со претставници на Католичката црква на Албанија.

Во просториите на аеродромот папата и Рама имаа петнаесетминутна средба, на која тој му посака срдечно добредојде и му подари вазна добро украсена и наполената со албанска земја.

На патот од аеродромот до претседателската резиденција илјадници албански граѓани, независно од верската припадност, излегоа да го поздрават папата.

Со сите почести и со интонирање на химните на Ватикан и на Албанија, папата беше пречекан од шефот на држаата Бујар Нишани, со кого имаше куса средба, а сега има куса средба и обраќање пред високи албански претставници.

Во 11 часот почнува свечената миса на плоштадот „Мајка Тереза“ каде се очекува да присуствуваат над 500 илјади лица.

Папата пристигна со авион тип „Еарбас А321“ на компанијата „Алиталиа“.

Покрај другот,о на папата во текот на денов ќе му биде врачено и признанието за почесен граѓанин на Тирана при што градоначалникот Љуљзим Баша ќе му го предаде клуот на градот.

Би можело да ве интересира

Ватикан ги откри најновите информации за здравствената состојба на папата

Ана Ололовска

Папата им ги изми и бакна нозете на 12 млади затвореници

Ана Ололовска

Ватикан: Папата Франциско има тешка настинка

Ана Ололовска

Папата Франциск го осуди насилството во Израел и на Западниот Брег, повика на дијалог и потрага по мир

Ана Ололовска

Папата: Хомосексуалноста не е кривично дело, сите сме Божји деца

А1он

Италијанската премиерка во прва официјална посета на папата Франциск

Ана Ололовска