Папата Франциско допатува на Лезбос

Од:

Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциско претпладнево допатува на грчкиот остров Лезбос, во, како што најави Ватикан, „хуманитрана и екуменска посета“, со цел да им пружи поддршка на мигрантите и да го привлече вниманието на јавноста на „првата линија на фронтот на европската мигрантск криза“.

Авионот на папата слета на аеродромот во Митилени 20 минути порано од планираното, каде го пречекаа грчкиот премиер Алексис Ципрас, вселенскиот патријарх Вартоломеј и поглаварот на Грчката православна црква, архиепископот атински и сегрчки Јероним.

Во текот на летот кон Лезбос, папата изјави дека ова негово патување е „одбелжано со тага“.

– Ова е тажен пат. Ќе ја видиме најголемата хуманитрана катастрофа по Втората светска војна. Ќе видиме многу луѓе кои страдаат, кои бегаат и не знаат каде одат, изјави папата пред пристигнувањето во Лезбос.
Тој нагласи дека ќе ја посети и „гробницата – Егејското Море“, во кое животите ги загубија „многу луѓе кои никогаш не стигнаа“ до своето одредиште. 

По пристигнувањето на Лезбос, папата во придружба на патријархот Вартоломеј, архиепископот Јероним и Ципрас, го посети кампот за прием на мигранти Морија, каде се сретна со околку 250 мигранти, од кои најголемиот дел очекуваат депортација во Турција. 

Грчката телевизиа ЕРТ јави дека папата при тоа најавил дека планира со себе во Италија од Лезбос да поведе и десетмина мигранти. Според ЕРТ, станува збор за осуммина Сиријци и двајца Авганистанци.

Во врска со ваквата најава, портапролот на Ватикан, Федерико Ломабрди изјави дека „нема што да каже во овој момент“, додавајќи дека „секој момент има свое значење“.

Предвидено е и Франциско и Вартоломеј во кампот да ручаат заедно со осуммина мигранти.

Како што јави ДПА, по посетата на прифатниот центар Морија, гостите ќе се сретнат со претставници на локалните жители на Лезбос, како и со делегација на малата католичка заедница на островот, а најавено е и потпишување на заедничка декларација во врска со мигрантската криза.

Предвидено е тројцата црковни великодостојници да одржат и заедничка молитва во пристаништето во Лезбос, по што ќе фрлат венци од свежо цвеќе во морските води во чест на мигрантите кои се удавија во Егејското Море во обид да стигнат до грчките острови.

Посетата на папата на Лезбос, која ќе трае околу пет часа, според Ватикан, има исклучиво „хуманитарен и екуменски карактер“ и таа не е замислена како критика на договорот меѓу ЕУ и Анкара за запирање на мигрантскиот прилив, со кој се предвидува депоратција на илегалните мигранти во Грција во Турција.

Патријархот Вартоломеј и архиепископот Јероним, кои уште вчера допатуваа на Лезбос, изјавија дека целта на посетата на папата на Лзебос е овој „долготраен прблем да го пренесе на меѓународната арена, за да покаже дека тоа не е проблем само на Грците, туку и на Европа и на целото човештво“.

Би можело да ве интересира

Ватикан ги откри најновите информации за здравствената состојба на папата

Ана Ололовска

Папата им ги изми и бакна нозете на 12 млади затвореници

Ана Ололовска

Ватикан: Папата Франциско има тешка настинка

Ана Ололовска

Папата Франциск го осуди насилството во Израел и на Западниот Брег, повика на дијалог и потрага по мир

Ана Ололовска

Папата: Хомосексуалноста не е кривично дело, сите сме Божји деца

А1он

Италијанската премиерка во прва официјална посета на папата Франциск

Ана Ололовска