Папас: Премиерот Ципрас ќе се сретне со канцеларот Меркел „кога ќе дојде време“

Од:

Грчкиот премиер Алексис Ципрас има пребукирана работна програма и заради тоа со германскиот канцелар Ангела Меркел ќе се сретне кога „ќе дојде времето“, изјави денеска за телевизијата „Мега“ државниот министер Никос Папас, кој во новата Влада е одговорен за врски со медиумите, пренесе ТАСС.

На прашањето дали се планира средба меѓу премиерот Ципрас и
канцеларот на Германија, Папас одговори дека тоа „ќе се случи кога
ќе дојде време“.

-Ципрас во моментов има многу обемна програма за претстојните средби со шефот на италијанската Влада, Матео Ренци, и со претседателот на Франција, Франсоа Оланд, како и со дел пратеници во грчкиот Парламент, рече државниот министер.

Во следните неколку дена грќкиот Парламент ќе се собере и ќе треба да гласа за нов претседател на земјата.

Неуспехот на Парламентот да избере нов шеф на државата на крајот на минатата година доведе до предвремени парламентарни избори на 25 јануари, кои беа освоени од левичарската радикална партија СИРИЗА на Алексис Ципрас, забележа ТАСС.

Во врска со претстојните преговори на Грција со меѓународните кредитори државниот министер Никос Папас изјави дека тие ќе се водат на многу нивоа и ќе одземат многу време.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит