Папандреу верува дека неговата партија ќе влезе во грчкиот Парламент

Од:

Во недела во грчкиот парламент ќе влезе нова политичка сила на вредности и принципи, рече претседателот на Движењето на демократи социјалисти (Кидисо) Јоргос Папандреу на синоќешниот изборен собир на партијата во Атина.

Тој појасни дека партијата нема да стане „патерица“ на никого, особено не поддржувач на десно ориентирана влада, и ја повтори својата намера да спроведе референдум на кој од Грците ќе биде побарано да се одлучат за каков било нов договор со кредиторите на земјата.

Во врска со можни соработки по изборите, Папандреу рече дека Кидисо е против конзервативците и против секој кој безусловно ги поддржува, со што всушност ги нападна ПАСОК.

– Ние исто така сме против левичарскиот конзервативизам, десничарскиот клиентелизам и против централистичката логика што ја претставува Ципрас, додаде тој.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит