Папандреу основа ново политичко движење

Од:

Поранешниот грчки премиер Јоргос Папандреу на својот сајт најави основање на нова политичка партија однсосно политичко движење пред изборите кои се закажани за 25. јануари.

Папандреу новиот политички субјект ќе го претстави денеска во аудиториумот на музејот Бенаки.

Ова е почетокот на движење што може и треба ефективно да одговори на главните предизвици со кои се соочува земјата и грчкиот народ. Едно Движење кое сакаме да обезбеди присуство на ефективни сили на напредок во следниот парламент, сили кои веруваат и се имаат докажано во пракса со спроведување вистински демократски реформи, бидејќи Грција нема никогаш да ја надмине кризата, и да се опорави трајно, ако постојано не се менува и ако нема учество на граѓаните, напиша Папандреу на неговиот сајт.

Папандреу беше премиер од 2009. до 2011. Година во екот на грчката криза која доведе до падот на ПАСОК.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит