Папандреу не ја исклучува можноста за соработка со СИРИЗА

Од:

Поранешниот грчки премиер Јоргос Папандреу изјави вчера дека неговата новоформирана партија е отворена за соработка со СИРИЗА, доколку оваа левичарска партија се согласи, по парламентарните избори в недела, да биде одржан референдум за реформите.

Папандреу, кој беше премиер меѓу 2009 и 2011 година, е третата генерација на најугледната политичка династија во Грција, а сега се подготвува за враќање на политичката сцена, откако пред три години ги раскина врските со ПАСОК (Панхеленското социјалистичко движење), кој пред четири децении го основаше неговиот татко.

Се проценува дека неговата нова партија, Движењето на демократските социјалисти ќе повлече гласови од левичарите на изборите на 25 јануари и ќе учествува во постиизборниот процес, доколку го мине прагот од три отсто, потребен за влез во Парламентот.

Анкетите покажуваат дека партијата на Папандреу е под цензусот, но тој е уверен дека ќе влезе во Парламентот.

Папандреу ја отфрли можноста за алијанса со владејачката Нова демократија, наведувајќи дека премиерот Андонис Самара, инаку негов поранешен цимер на бостонскиот колеџ на почетокот на ’70-те години не успеал да ги спроведе реформите.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит