Папандреу напиша статија за Зоран Ѓинѓиќ по повод 10-годишнината од неговото убиство

Од:

Соработката на Балканот е „рецептот“ за развој и просперитет, пишува поранешниот грчки премиер Јоргос Папандреу во статијата, објавена во денешниот број на српското списание „Нови магазин“.

Статијата, цитирана од грчкиот весник „Катимерини“, е напишана по повод навршувањето на десет години од смртта на поранешниот српски премиер Зоран Ѓинѓиќ, убиен на 12 март 2003 година.

Папандреу, кој беше личен пријател со Зоран Ѓинѓиќ, посочува дека со тогашниот премиер на Србија го споделувале заедничкото убедување дека „различностите и конфликтите на Балканот ќе бидат надминати само преку взаемната економска зависност, што го потикна и создавањето на Европската унија“.

Економската соработка ќе помогне за отворање на нови работни места, за подобрување на инфраструктурата и за зголемување на животниот стандард. Нашата цел за постоењето на овој сон беше приклучувањето на Западен Балкан кон европската заедница на вредностите, забележува Папандреу.

Статијата завршува со зборовите, искажани од поранешниот грчки премиер во неговиот говор на денот на погребот на Зоран Ѓинѓиќ: „Ветувам, ценет Зоране, дека ќе продолжам да работам на тоа што заедно почнавме да го градиме“.

Би можело да ве интересира

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит

Силен земјотрес ја погоди Грција

Македонски државјанин загина во сообраќајна несреќа во Грција

Грчката крајбрежна стража пукала во брод со мигранти, загинал маж

Трагедија во Грција, 19-годишно момче го загуби животот во луна парк