Папа Франциско во посета на Сараево

Од:

Папата Франциско денеска ќе допатува во државничка и пасторална посета на Босна и Херцеговина, чија цел е да пренесе порака мир, сожителство, дијалог и меѓусебно разбирање.

За гарантирање на безбедноста на папата за време на посетата на Сараево се ангажирани 10.000 припадници на безбедносните служби на БиХ и на жандармеријата на Ватикан.

Главниот град на Босна и Херцеговина денеска практично ќе биде под опсада, а улиците по кои ќе се движи папата се веќе блокирани.

На Меѓународниот аеродром во Сараево папата ќе биде пречекан од надбискупот врвбосански, кардиналот Винко Пуљиќ и од членот на Претседателството на БиХ, Драган Човиќ.

Службената државна церемонија на дочекот ќе се одржи пред зградата на Претседателството на БиХ, по што папата ќе има средби со највисоките претставници на властите во земјата.

Централната манифестација на посетата и обраќањето на папата е планирано за на стадионот Кошево, каде се очекува присуство на 65.000 верници од БиХ и од регионот.

Папата Франциско пред посетата во Сараево изјави дека доаѓа за католиците, но и за сите други.

Еден од главните моменти на еднодневната посета на папата на Сараево е закажаниот меѓуверски состанок. Предвидено е Франциско да разговара со претставници на католичката, православната, муслиманската и еврејската верска заедница.

За средба со папата во Сараево се пријавиле 4.550 млади луѓе односно 150 групи од БиХ, Хрватска, Србија, Словенија, Италија и Австрија.

Посетата на папата се совпаѓа со 20-годишнината од потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор со кој беше ставен крај на војната во БиХ (1992-1995).

Ова е трета посета на еден папа на Сараево, по двете посети на Јован Павле Втори на БиХ во 1997 и 2003 година.

Би можело да ве интересира

Ватикан ги откри најновите информации за здравствената состојба на папата

Ана Ололовска

Папата им ги изми и бакна нозете на 12 млади затвореници

Ана Ололовска

Ватикан: Папата Франциско има тешка настинка

Ана Ололовска

Папата Франциск го осуди насилството во Израел и на Западниот Брег, повика на дијалог и потрага по мир

Ана Ололовска

Папата: Хомосексуалноста не е кривично дело, сите сме Божји деца

А1он

Италијанската премиерка во прва официјална посета на папата Франциск

Ана Ололовска