Папа Франциско в сабота ќе го посети Сараево

Од:

Папата Франциско в сабота ќе го посети Сараево при што ќе упати порака за мир, ќе повика на соживот и ќе го поддржи екуменскиот и меѓурелигиски дијалог.

Во Сараево во тек се последните подготовки за пречекот на папата, при што ќе бидат ангажирани 10.000 припадници на безбедносните служби и жандармеријата на Ватикан.

Главниот град на Босна и Херцеговина практично ќе биде под опсада, а улиците по кои ќе се движи папата ќе бидат блокирани.

Централната манифестација на пречекот и обраќањето на папата планирано е на стадионот Кошево, каде се очекува присуство на 65.000 верници од БиХ и од регионот.

Папата Франциско пред посетата во Сараево изјави дека доаѓа за католиците, но и за сите други.

Еден од главните моменти на еднодневната посета на папата на Сараево е закажаниот меѓуверски состанок. Предвидено е Франциско да разговара со претставници на католичката, на православната, на муслиманската и на еврејската вера.

За средба со папата во Сараево се пријавиле 4.550 млади луѓе односно 150 групи од БиХ, од Хрватска, од Србија, од Словенија, од Италија и од Австрија.

Посетата на папата се совпаѓа со 20-годишнината од потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор со кој е завршена војната во БиХ (1992-1995).

Тоа е втора посета на еден папа на Сараево, по посетата на Јован Павле Втори во 1997 година. Папата Јован Павле Втори во 2003 година ја посети и Бања Лука.

Би можело да ве интересира

Ватикан ги откри најновите информации за здравствената состојба на папата

Ана Ололовска

Папата им ги изми и бакна нозете на 12 млади затвореници

Ана Ололовска

Ватикан: Папата Франциско има тешка настинка

Ана Ололовска

Папата Франциск го осуди насилството во Израел и на Западниот Брег, повика на дијалог и потрага по мир

Ана Ололовска

Папата: Хомосексуалноста не е кривично дело, сите сме Божји деца

А1он

Италијанската премиерка во прва официјална посета на папата Франциск

Ана Ололовска