Паника во Зеница: Заразена со коронавирус славела 8 Март со 500 жени

Од:

Првата заразена со коронавирус на подрачјето на Босна и Херцеговина наводно присуствувала на прослава за 8 Март во ресторан во Зеница, пред да дознае дека е позитивна на вирусот, пренесува „Аваз“.

На прославата присуствувале околу 500 луѓе. Освен тоа, како што рекле нејзини блиски, таа користела и јавен превоз, поради што сите тие се во паника.

51-годишната била тестирана дома, а откако се вратила од Италија со членовите на нејзиното семејство. Првично се наоѓала во самоизолација, а денеска била пренесена во изолационен стационар на Кантоналната болница во Зеница.

Како што е денеска соопштено на прес-конференција од Кризниот штаб на Зеничко-добојскиот Кантон, освен жената, ќе бидат тестирани и двајца членови од нејзиното семејство.

Во меѓувреме, поради појавата на кроонавирусот во земјата, под надѕор се наоѓаат околу 80 луѓе на подрачјето на Зеничко-добојскиот Кантон.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Уште се трага по исчезнати во Босна: Ова е катаклизма

Катерина Ѓуровски

Пронајдени уште две тела во поплавените региони во БиХ

Катерина Ѓуровски

Спасувачите во Јабланица извлекоа мало дете: Беше под плоча тешка два тона

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Пронајдени уште тела, порасна бројот на мртви во поплавите во Босна

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Расте бројот на мртви во БиХ, спасувачите објавуваат драматични снимки

ВИДЕО: Шини буквално висат во воздух, огромни штети од поплавите во Босна и Херцеговина

Катерина Ѓуровски