Грчкиот министер за внатрешни работи Панајотис Коуроумплис условите во пребукираниот камп Идомени ги спореди со нацистичкиот концентрационен логор и за тоа ги обвини европските држави кои ги затворија границите за мигрантите.
Коуроимплис изјави дека „не се колеба да каже дека кампот Идомени е модерна верзија на логорот Дахау во Германија, со кого раководеа нацистите“.
Тој за време на денешната посета на Идомени истакна дека ситуацијата е резултат на „логиката на затворени граници“ од земјите кои одбија да прифатат бегалци.
Повеќе од 46.000 луѓе се заробени во Грција, а само во Идомени има повеќе од 14.000 бегалци.
Грција сака мигрантите да го напуштат Идомени и да го продолжат патот кон организираните прифатилишта во други земји.