Палмер: Русија сака да го блокира евроатланскиот пат на БиХ

Од:

САД заговараат најблиски можни партнерски односи на Босна и Херцеговина со НАТО и ЕУ, но Русија сака да го блокира нејзиниот евроатлански и европски пат, изјави американскиот заменик помошник државен секретар Метју Палмер.

Тој истакна дека САД и Русија имаат различни цели во однос на Западниот Балкан и Босна и Херцеговина, додавајќи дека Вашингтон сакаа европска иднина, мир, просперитет и стабилност за БиХ и нејзино членство во европското семејство на држави.

– Русите имаат сосема поинаква цел на Балканот. Тие сакаат да видат поделен регион во кој постои висок степен на тензии. Русите во 2016 година беа спонзори на обидот за државен удар во Црна Гора. Вложија многу и работеа на поткопување на Преспанскиот договор, кој е склучен и сега имаме една држава што се вика Северна Македонија. Тоа го правеа за да го блокираат нејзиниот европски и евроатлантски пат. Нема причина да се верува дека Русија на ист начин не сака да го направи тоа и во БиХ, потенцира Палмер на средба со босански новинари.

Тој нагласи дека САД би сакале босанските лидери да се договорат околу поднесувањето на Годишната национална програма (АНП) до НАТО, што ќе овозможи зајакнување на врските меѓу БиХ и Алијансата.

Палмер оцени дека поднесувањето на АНП е процес од техничка природа и оти тоа не значи дека се работи за одлука за членство на БиХ во НАТО.

– Со тоа само ќе му се овозможи на НАТО да се ангажира во БиХ во зајакнување на одбранбениот и безбедносниот сектор. Тука не се работи за одлука за членство во НАТО. Се надевам дека политичките лидери во БиХ ќе постигнат договор кој ќе овозможи земјата да го предаде документот, нагласи Палмер.

Американскиот заменик помошник државен секретар изрази надеж дека босанските лидери ќе успеат да постигнат и договор за формирање нова централна влада, со цел земјата да почне да се движи кон ЕУ, односно, како што рече, кон својата европска иднина.

Лидерите на водечките политички партии во БиХ се уште не можат да се договорат за формирање нов Совет на министри на земјата по изборите одржани лани во октомври.

Би можело да ве интересира

Ердоган: Судбината на 194 земји не може да се остави во рацете на пет земји

Предраг Петровиќ

Песков: Не се мешаме во претседателските избори во Романија

Русија доби 100 балистички проектили и пет милиони гранати за војната во Украина

Горан Наумовски

Дрон прелета над руската амбасада во Стокхолм: Падна боја во дворот на комплексот, полицијата започна истрага

Москва: Западот планира да ја окупира Украина и да го замрзне конфликтот со Русија

Горан Наумовски

Путин: Нема да дозволиме Киев да стане нуклеарна сила

А1он