Палењето олимписки оган – последен настан за Павлопулос како претседател на Грција

Од:

Церемониите на палење и на предавање на олимпискиот оган, ќе се одржат во присуство на претседателот на Грција, Прокопис Павлопулос но овој пат, на двата настана ќе присуствува различен шеф на државата.

Олимпискиот оган беше запален денеска напладне, а следниот четврток ќе им биде предаден на организаторите на ЛОИ во Токио, утре, пак, новата грчка претседателка ќе положи свечена заклетва.

Па така, на денешната церемонија во функција претседател на Грција присуствуваше Павлопулос, а на церемонијата во Атина в четврток, во истата функција ќе биде Екатерини Сакеларопулу.

На Павлопулос, денеска му беше врачен и златен Олимпискиот орден од МОК за неговите придонеси во олимпиското движење, олимписките идеали и олимпиското наследство, непосредно пред церемонијата на палење на олимпискиот оган во античка Олимпија.

Ова, воедно беше и последното појавување на Прокопис Павлопулос во функција на претседател.

Екатерина Сакеларопулу утре во 11 часот по локално време во грчкиот Парламент ќе положи свечена заклетва, а веднаш потоа во претседателската палата и официјално ќе ја преземе функцијата.

Мерките и превенцијата од коронавирусот донесе промени во манифестациите. Па така, новоизбраната претседателка на Грција го одложи приемот за честитки закажан за 14 март, односно ден по преземањето на функцијата.

На свечената заклетва во Парламентот, наместо 1.000, колку што беше првично планирано, ќе бидат поканети само 100 лица.

Би можело да ве интересира

Несреќа во Солун: Експлодира бомба, настрада 38-годишна жена од Грузија

Затворска казна до три месеци или парична казна од 300 евра за паркирање приколки или кампери на јавни простори во Грција

А1он

Штрајкуваат вработените во јавниот превоз во Грција

Грците уапсија шпион кој преку шифрирана апликација испраќал тајни материјали

Силен земјотрес го погоди Крит

Катерина Ѓуровски

Муцунски: Проширувањето на ЕУ е неопходно за политичка и безбедносна стабилност на европскиот континент