Пахор пријавен поради „работа на црно“

Од:

Поранешниот словенечки премиер Борут Пахор се соочува со пријави, во кои е осомничен дека работел на црно, бидејќи во текот на неформалната кампања за претседател на државата одработил цела смена во една фабрика за чорапи, а во друга прилика помогнал при асфалтирање на пат.

– Примивме повеќе поединени пријави во врска со последните активности на господинот Борут Пахор за тоа дека работел различни работи, изјави државниот инспектор за труд Франц Ранчигај.

Тој додаде дека од Пахор и неговиот изборен штаб се побарани одредени информации и одговори, но истакна дека тие работи не може да ги коментира, бидејќи истрагата е во тек.

Во Словенија на 11 ноември се одржуваат петтите претседателски избори, а Пахор, веќе ја најави својата кандидатура и почна теренска кампања, со која сака да им се приближи на избирачите, иако официјалната кампања почнува еден месец пред изборите.

Пахор за време на долгогодишната политичка кариера беше претседател на Парламентот, пратеник во Европскиот парламент, премиер и претседател на Социјалдеморкатската партија.

Би можело да ве интересира

Се урна мал авион во Словенија, најмалку тројца загинати

Горан Наумовски

Стигна студениот бран во Словенија и Хрватска, падна и снег

ВИДЕО: Силно невреме ја парализираше Словенија

Лизгање на земјиште затрупа неколку куќи во Словенија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Невремето од Словенија ја зафати Хрватска: Силните налети на ветер уриваа покриви и дрвја

Италијански полицајци бркале Романци низ цела Словенија