Пахор предупредува на опасност од политичка радикализација во Словенија

Од:

Словенечкиот претседател Борут Пахор предупреди денеска дека социјалните проблеми не смееат ниту во време на економска криза да доведат до политичка радикализација.

– Потребно е да се осуди распалувањето на политичките страсти и радикализмот од сите видови. На тие појави треба да им се посвети внимание токму сега, кога луѓето на кои им е најтешко можат да добијат чувство дека немаат што да загубат и со тоа да станат лесен плен на оние подбуцнувачи, кои шират говор на омраза и нетолеранција, истакна Пахор на комеморацијата во Осанкарици, со која беше одбележана 70-годишнината од убиството на борците од партизанскиот Похорски баталјон.

Говорејќи пред неколку илјади собрани граѓани, Пахор истакна дека сегашните генерации на политичари во Словенија и во другите европски држави имаат историска одговорност големите проблеми со кои луѓето се соочуваат во криза да ги решат во духот на искрен дијалог со оние кои размислуваат поинаку.

– Историјата е полна со докази како во заострени прилики од мали несогласувања може да се развие непријателство, кое завршува со солзи и бескрајни човечки трагедии, додаде Пахор.

Би можело да ве интересира

Сиљановска-Давкова со Клакочар Зупанчич: Словенија ќе остане наш поддржувач на патот кон ЕУ

Косопственикот на Pirate Bay загина во авионска несреќа во Словенија

Мал авион исчезна над Словенија

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Голем пожар избувна во близина на Марибор

Најниска стапка на наталитет во Словенија од самостојноста во 1991 година

Словенија бара на Израел да му се забрани учество на Евросонг