Пахор ќе се кандидира за претседател

Од:

Поранешниот премиер на Словенија, Борут Пахор најави дека ќе се кандидира за претседател на државата, јавија словенечките медиуми.

Пахор од функцијата, премиер на Словенија, си замина во септември 2011. година, кога парламентот изгласа недоверба во неговата влада. Тој смета дека е дојдено време да учествува во трката за претседател на Словенија.

„Не сакам само да нагаѓам за иднината на нашиот народ, сакам да учествувам во креирањето на таа иднина, изјави Пахор на конгресот на неговата Социјалдемократска партија во Кочевје, пренесуваат агенциите.

На есенските избори за претседател на Словенија, досега свои кандидатури најавија, актуелниот претседател Данило Тирк, европскиот пратеник, Милан Звер, претседателот на вонпарламентарната Словенечката национална странка, Змаго Јелинчиќ и независниот кандидат Марко Кожар.

Би можело да ве интересира

Косопственикот на Pirate Bay загина во авионска несреќа во Словенија

Мал авион исчезна над Словенија

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Голем пожар избувна во близина на Марибор

Најниска стапка на наталитет во Словенија од самостојноста во 1991 година

Словенија бара на Израел да му се забрани учество на Евросонг

Се урна мал авион во Словенија, најмалку тројца загинати

Горан Наумовски