Претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер разговараше денеска во Љубљана со словенечкиот претседател Борут Пахор кој во врска со регионот на Западен Балкан му нагласил дека европската политика треба да посвети поголемо внимание.
„Во тој регион односите се сè покомплицирани“, се наведува во соопштение од Кабинетот на Пахор.
Тема на разговорите била иднината на Европската унија по излегувањето на Велика Британија од Унијата.