Пацоли очекува прием на Косово во Интерпол во ноември

Од:

Министерот за надворешни работи на Косово Беџет Пацоли верува дека следниот успех на косовската дипломатија, по унапредувањето на статусот на државата во Организацијата на франкофонијата, ќе биде зачленувањето во Интерпол во ноември годинава, јави дописникот на МИА од Приштина.

Како што напиша Пацоли на Фејсбук, Косово на самитот на Франкофонијата во Ереван, Ерменија, беше унапредена од земја набљудувач во придружна членка, наспроти деструктивните напори на српската страна.

Според шефот на косовската дипломатија, зачленувањето на Косово во светската полициска организација не претставува закана за никого и само ќе придонесе за мирот и стабилноста во регионот.

– Косово во Интерпол значи мир и придонес за внатрешната, регионалната и меѓународната безбедност. Косово во Интерпол значи борба против меѓународниот тероризам и организиран криминал и повеќе безбедност за нашите граѓани, напиша Пацоли на Фејсбук, додавајќи дека ова членство ќе значи и натамошно јакнење на косовската држава.

Генералното собрание на Интерпол, на кое Косово аплицира за зачленување, ќе се одржи кон средината на идниот месец во Дубаи, во Обединетите Арапски Емирати. На претходното собрание, одржано во кинескиот главен град Пекинг, Косово во последен момент се откажа од кандидатурата, бидејќи не успеа да го обезбеди потребниот број гласови за прием.

Би можело да ве интересира

ВЛЕН: Македонија и Косово постигнуваат одлично соседско партнерство откако ние сме на власт

Горан Наумовски

ЕУ: Напредокот во нормализирањето на односите со Белград е единствениот начин Приштина да напредува

Таравари: На Косово му е потребно Курти да продолжи уште четири години со владеење

Избори на Косово: Самоопределување има 41,29 проценти од гласовите

Катерина Ѓуровски

Први резултати на ЦИК во Приштина: Самоопределување освои најмногу гласови – 37,18 отсто

Горан Наумовски

Затворени се избирачките места во Косово

Горан Наумовски