Пацоли : Казахстан ќе ја гради железницата Косово-Албанија

Од:

Потпретседателот на косовската Влада во заминување, Беџет Пацоли по враќањето од Казахстан, каде заедно со албанскиот премиер Еди Рама имале средби со државниот врв на оваа земја, изјави дека железницата Косово-Албанија ќе ја гради Казахстан.

– Казахстан е заинтересирн да инвестира во повеќе проекти во Албанија од кои корист ќе има и Косово. Покрај неколкуте проекти за албанскиот брег разговаравме и за изградбата на железницата Косово-Албанија и нејзино поврзување со меѓународната железничка мрежа, како и поврзување со пристаништето Драч, изјави Пацоли.

Според него за таа цел ќе се формираат заеднички експертски групи кои ќе оценат кои проекти се приоритет, јави дописникот на МИА од Тирана.

Меѓу т.н. проекти на иднината, косовската Влада го вбројува и оној за изградба на железницата која од косовска страна ќе биде во должина од 17 километри, од Призрен до границата со Албанија, додека од албанска, должината е неколкупати поголема. Според косовските експерти изградбата на железницата е од голем интерес за Косово, затоа што ќе има побрз излез на албанските пристаништа, што ќе го поттикне економскиот развој.

Косовскиот премиер во заминување, Хашим Тачи неодамна соопшти дека Владата е во преговор со Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) за одобрување кредит во износ од 200 милиони евра, кои ќе бидат искористени за унапредување на постојната железничка мрежа на Косово.

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Во Брисел знаат која страна го кочи напредокот во дијалогот меѓу Белград и Приштина

(ВИДЕО) Шпанците уапсија нарко-бос од Косово, во рацијата уапсени се 10 лица

Горан Наумовски

Србија повторно ќе испрати барање за враќање на 1.000 српски војници и полицајци на Косово

Предраг Петровиќ

Вучиќ утре ќе се изјасни, на маса и опцијата за прогласување окупација на дел од територијата на Србија

Предраг Петровиќ

Четворица млади Срби на рочиште во северниот дел на Косовска Митровица

Специјалното обвинителство во Приштина го објави обвинението против 45 лица за вооружениот конфликт во Бањска