Ова се осомничените за убиството на малата Данка – Полицијата донесе еден на местото на злосторството

Од:

Осомничени за убиството на Данка Илиќ (2), по која се трагаше десетина дена, се Срѓан Јанковиќ од село Лука и Дејан Драгијевиќ од село Злот, двајцата вработени во ЈКП Водовод, објавуваат српските медиуми.

Јанковиќ е осомничен дека управувал службено возило на ЈКП Водовод во моментот кога наводно удрил во двегодишно девојче, додека во возилото со него бил Драгијевиќ.

Дејан не е оженет, никогаш не правел големи проблеми, но се знае дека сака да пие. Никогаш не мислевме дека ќе биде способен за вакво нешто, велат мештаните за спрските медиуми.

Според соседите, Срѓан е разведен и долго време е вработен во Водовод.

„ Се разведе пред околу една година, има син и снаа, а имаат и мало девојче. Има внука, не знам како можеше да му текне такво нешто, се надевам дека не е вистина“,  раскажува сосед на Лука.

Инспекторите ги донеле на местото на злосторството, односно на местото каде најверојатно со својот автомобил ја прегазиле малата Данка.

Српски Курир ги фотографираше осомничените со инспекторите во Бањско поле. На сликите се гледа како им покажуваат на инспекторите од каде дошле, каде ја удирале, но и каде отишле со нејзиното тело – вели изворот на порталот.

Осомничените се уапсени, а според информациите по претресот на  автомобилот кој го возеле биле пронајдени траги од крв.  Депонијата каде што се сомнева дека е телото на исчезнатата Данка Илиќ (2) се наоѓа на патот, на кривина која потоа води до главниот пат на релација Брестовичка Бања – Бресотвац.

Би можело да ве интересира

Четворица млади Срби на рочиште во северниот дел на Косовска Митровица

Приведени криминалци во Скопје барани со потерници за извршени кражби

Горан Наумовски

Таткото на осомничениот за убиството на Данка вели: Мојот син е наместен

Осомничениот за убиството на Данка тврди: „Не ја убив, не ја ни видов“

Горан Наумовски

Ние сме од полиција, дај ни 1600 евра за ќерката да не оди во затвор – уапсени измамници

Анита Петровска Рајковиќ

Еден од осомничените за убиството на Данка го прекинува молкот