Ова е убиениот чувар Драган и наставничката по историја во училиштето во Белград

Од:

Драган Влаховиќ, чувар во ОУ „Владислав Рибникар“ во Врачар е убиен откако утрово беше застрелан од момче (14) кое во крвав масакр уби осум деца и рани шест.

Во престрелката се ранети шест деца и професорката по историја Т.С., кои моментално се згрижени во Ургентниот центар и Тиршова.

Да потсетиме, ученикот на ова училиште кој е осомничен дека го сторил ова кривично дело е пронајден и уапсен во училишниот двор. Сите полициски сили се уште се на терен и интензивно работат на расветлување на сите факти и околности кои довеле до оваа трагедија.

Убиениот работник од училишното обезбедување Драган бил омилен меѓу учениците, родителите и вработените.

– Го познаваше секој  ученик, беше многу грижлив и совесен. Контактираше и со нас родителите, таму работеше со години. Го обожававме, господин, професионалец кој си ја сакаше работата, најмногу учениците – за Курир раскажува родител чиј син оди во ова училиште

Да потсетиме, осомничениот ученик не сакал да одговара на часот по историја и наводно чувствувал нетрпеливост кон наставничката Т.С.

Инаку бил одличен ученик но по добивањето 1 по историја, дошол на училиште со 5 шаржери и молотов коктел во ранецот. Почнал да пука уште на влезот на училиштето каде прво го убил чуварот Драган и три ученички. Потоа влегол во училницата по историја и пукал додека соученици не скокнале на него и го совладале.

Би можело да ве интересира

Боровиќ: Од денеска Коста Кецмановиќ официјално има статус на оштетен на судењето на неговите родители

Проширено обвинението против родителите на Коста Кецмановиќ

Катерина Ѓуровски

Се чувствував отфрлено затоа ги убив сите, сведочи Коста Кецмановиќ

Катерина Ѓуровски

Мајка добила порака „Ќе направам поголем масакр од оној во Рибникар“, веднаш била алармирала белградската полиција

На Владимир Кецмановиќ му е продолжен притворот за уште 60 дена

Обвинет за масакрот во „Рибникар“ призна дека дал лажна изјава во истрагата