Отстранувањето на споменикот на Александар Велики од скопскиот аеродром вест и во Грција

Од:

Од доцна синоќа дел од грчките медиуми, започнаа да ја објавуваат веста за отстранувањето на споменикот на Александар Велики од скопскиот аеродром. Информацијата ја дополнија со фотографии и видео од македонските медиуми. Од рано утрово, пак, текстот од грчката новинска агенција АНА-МПА ја презедоа сите онлајн изданија на медиумите, јави дописникот на МИА од Атина.

„Отстранет споменикот на Александар Велики од аеродромот во Скопје“ е насловот на веста на АНА-МПА.

„Споменикот на Александар Велики со висина од 1,5 метар, што се наоѓаше во салата за пристигнувања, беше поставен во 2011 како донација од турската компанија ТАВ, која од 2010 година го води аеродромот во главниот град на ПЈРМ“, пишува грчката новинска агенција

Грчките медиуми, во текстовите потсетуваат дека со владина одлука скопскиот аеродром од „Александар Велики“ беше преименуван во „Меѓународен аеродром Скопје“, а минатата седмица, беше отстранети буквите од старото име.

Би можело да ве интересира

Полицајците го пуштиле да вози пијан и без дозвола – предизвика судир и загина млад човек

А1он

Стразбур: Грција прогласена за виновна за систематско одбивање на потенцијални баратели на азил

А1он

Силен земјотрес ја погоди Грција

Почина поранешниот премиер на Грција Костас Симитис

Еден загинат во пожар во хотел во Грција

А1он

Грчката полиција го забрани денешниот најавен собир на Албанците во Атина