Отворени се премините Јариње и Брњак соопшти попладнево косовската полиција. Сите барикади кои ги поставија Србите на северот на Косово се отстранети. Остнати се само двата изгорени камиона.
По 19 дена на пунктовите, Србите се повлекоа по состанокот со претседателот на Србија александар Вучиќ кој им рече дека се добиени гаранции од САД и од ЕУ за исполнување на нивните барања. Претходно во домашен притвор беше пуштен поранешниот полицаец Дејан Пантиќ, а на беше ослободен и Никола Недељковиќ.
Како што јавува Нова.рс косовската полиција поставила инпровизиран пункт на патот Звечан-Лепосавиќ.