Осум лица исчезнаа откако чамецот, со кој се превезуваа илегални имигранти, потона во Егејско Море во близина на турскиот брод Бодрум, објави електронското издание на турскиот весник „Заман“.
Турската крајбрежна стража трага по исчезнатите имигранти, кои се сириски државјани. На помош пристигнала и грчката крајбрежна стража. Операцијата се одвива во радиус на 13 наутички милји.
Двајца имигранти успеале да се спасат по потонувањето на чамецот и се хоспитализирани.
Имигрантите сакале да стигнат до грчките острови, но чамецот потонал поради претовареност и лошите метеоролошки услови.