Осудените поранешни членови на Златна зора Касидиарис и Лагос бараат суспензија на затворската казна

Од:

Барања за суспензија на издржувањето на затворската казна, преку нивните адвокати, доставија поранешниот пратеник од Златна зора Илиас Касидиарис и поранешниот европратеник од партијата Јанис Лагос, кои се осудени на 13 години затвор за формирање и учество во криминална организација, јави дописничката на МИА од Атина.

На денешното 16-то рочиште од повторното судење против Златна зора, во судницата беа присутни и поддржувачи на осудените пратеници, како и самиот Касидиарис.

Ова е прво негово барање за суспензија на 13-годишната затворска казна, а неговата адвокатка објасни дека веќе има одлежано десет години, а престојот во затвор во затворот му предизвикува „ непоправлива штета“.

-Имам да кажам дека издржувам затворска казна за мојата долгогодишна борба против корупцијата. Се чувствувам оправдано, сето она што го зборував се докажува во странски земји, од странски судски системи дека е вистина. Овој домашен систем што незаконски ме затвори не прави такво нешто, рече Касидиарис на почетокот од неговиот исказ пред судот, кое наликуваше на политички говор.

Исто барање за ослободување, достави и поранешниот европратеник Јанис Лагос, кое е негово трето барање, откако првите две беа одбиени.

Денешното рочиште беше прекинато и ќе продолжи во понеделник, кога ќе биде соопштена одлуката за барањата на Касидиарис и Лагос.

Судењето против Златна зора на средината на јуни почна одново по жалбата од осудените поднесена против пресудата донесена во прв степен.

На почетокот на октомври 2020 година, судот пресуди дека Златна зора е криминална организација, а лидерот, поранешните пратеници, како и членови на партијата беа осудени на затворски казни, кои веќе ги издржуваат.

Во обемниот судски процес, осудени беа 50 лица.

Лидерот на Златна зора Никос Михалољакс и пет поранешни пратеници од партијата, меѓу кои и Касидиарис и Лагос добија 13 години затворска казна за формирање криминална организација, останатите пратеници добија од пет до седум години, а убиецот на музичарот Павлос Фисас, доби доживотна затворска казна.

Златна зора во периодот од 2012 до 2019 година беше дел од грчкиот Парламент.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Идентификувани уште шестмина за упадот на изложбата во Солун на македонскиот уметник Андреевски

Катерина Ѓуровски

Андреевски за индицентот во Каламарија: Политиката се обиде да ја победи уметноста

Горан Наумовски

Во САД реакции за упадот на изложбата на македонски уметник во Солун

Ана Ололовска

Прелиминарна истрага на Обвинителството во Солун за упадот на изложбата на Андреевски

Ана Ололовска

СИРИЗА Солун го осуди инцидентот на изложбата на Андреевски и бара полицијата да ги уапси сторителите

Горан Наумовски

Скерцос: Никаква толеранција за паравоени нацистички групи, за беззакокине и за заплашување на граѓаните