Осудени помагачите за атентатот на Драшковиќ

Од:

Тројцата поранешни челници на Државната безбедност Милан Радоњиќ, Стеван Баст и Ратко Ромиќ Апелациониот суд во Србија ги прогласи за виновни за помагање во атентатот на Вук Драшковиќ во 2000 година во Будва.

Екс шефот на службата во Белград, Милан Радоњиќ осуден е на осум години затвор, а двајцата началници на по седум години затвор.

Судот смета дека има голем број докази кои биле изведени во постапката за постоење на „тешко кривично дело“.

Тројцата беа обвинети дека на атентаторите им давале совети и собирале податоци за „елиминирање“ на Драшковиќ како политички противник на Слободан Милошевиќ.

На Драшковиќ на 15 јуни 2000 година е пукано со осум куршуми од пиштол со пригушивач од кои два куршуми само го закачија од левата и десната страна на главата и со полесни повреди го преживеа атентатот.

Би можело да ве интересира

Мацут ја презеде функцијата премиер на Србија од Вучевиќ

Горан Наумовски

Изгласана новата Влада на Србија

Захарова за притисокот на ЕУ врз Србија: Евронацизмот повторно се раѓа пред нашите очи

Земјотрес во близина на Врњачка Бања

Мацут: Нашата надворешна политика мора да биде храбра и доследна, европската иднина е најдобриот одговор

Втор ден од собирот „Не ја даваме Србија“

А1он