Остри критики за посетата на грчкиот и кинескиот премиер на Пиреја

Од:

Посетата на пристаништето Пиреја од страна на премиерите на Кина и Грција е „невкусна пропаганда во корист на Коско и против јавните интереси на пристаништето Пиреја“, истакнаа во заедничко соопштение Федерацијата на пристанишните работници на Грција и синдикатот на пристанишни работници и надзорници на пристанишната администрација на Пиреја (ОЛП).

Во соопштението се истакнува дека „ова е третпат грчкиот премиер да посети објекти кои се под концесија на Коско, без да се мачи да ја посети, барем еднаш, ОЛП која е во државна сопственост“. Во дописот исто така се упатува покана до грчката Влада да направи проценка на четиригодишното присуство на Коско во пристаништето Пиреја, јави дописникот на МИА од Атина

– Наместо тоа, грчката Влада и премиерот лично учествуваат во фиести, кои служат само за да се претстави лажна слика за придобивките на грчката држава и за максимизирање на наводните инвестиции, преку промовирање на интересите на кинеската страна, се вели во документот.

И главната опозициска партија Сириза исто така ја критикуваше посетата, нагласувајќи дека тоа беше четврта посета во 14 месеци на премиерот Андонис Самарас, овој пат со кинескиот премиер Ли Кечијанг „за да го прослават ’импресивниот пораст на волуменот на контејнерите’ и дистрибуцијата на неколку илјади работни места“.

Одговарајќи на изјавите, портпаролката на Владата Софија Вултепси рече дека Сириза „лаже и шири пропаганда, затоа што околу илјада Грци работат во Коско, во Керацини и во објектите за товарен терминал, не во пристаништето Пиреја“.

– Главната опозициска партија не покажува почит кон правилата за гостопримство, избирајќи да го напаѓа премиерот и Владата во текот на посетата на премиерот на голема и моќна земја како Кина. Што се однесува до договорите за пристаништето, тие се транспарентни и придобивките за националната економија се познати, истакна Вултепси и додаде дека соработката ќе продолжи „и покрај нихилистичката тактика на Сириза“.

Кинескиот премиер Ли Кечијанг, кој се наоѓа во официјална тридневна посета на Грција, вчера заедно со својот грчки колега Андонис Самарас го посети најголемото грчко пристаниште Пиреја, каде државната кинеска компанија Коско има 35-годишна концесија за стопанисување со два од вкупно три терминали, склучена во 2009 година.

Уште пред посетата, Ли го нагласи интересот на Кина за зголемување на своето присуство на пристаништето Пиреја. Се претпоставува дека Коско има интерес да откупи 67 проценти од акциите на пристанишната администрација.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит