Остануваат во сила американските санкции против Додик

Од:

Санкциите, кои САД ги воведе против претседавачот со Претседателството на Босна и Херцеговина Милорад Додик, остануваат во сила, потврди заменикот државен секретар на САД Џон Саливан, кој се сретна вчера в Сараево со членовите на тричленото босанско Претседателство.

– Се сретнав со претседавачот на Претседателство со Додик и другите двајца негови членови, бидејќи ја почитувам таа институција. Ја почитуваме демократијата и одлуката на граѓаните да изберат членови на Претседателството, но тоа не го менува статусот на Додик кога станува збор за санкциите, истакна Саливан.

САД во јануари 2017 година воведоа санкции против Додик на основа на указот, со кој се дозволува „да се воведат санкции против лица и организации, кои го поткопуваат или е можат да го нарушат Дејтонскиот договор од 1995 година“.

Би можело да ве интересира

Стармер: Преговорите со САД за трговскиот договор „добро напредуваат“

Додик: Ќе продолжам да победувам во Република Српска

Баербок: Преговорите меѓу Русија и САД се во ќорсокак

Ритер: САД ќе се согласат со повеќето услови на Русија за решавање на конфликтот во Украина

Додик: Ниту побарав, ниту добив руско државјанство

Кина е најголема закана, САД ќе ја поддржат Европа само со нуклеарно одвраќање против Русија