Османи повторно ги повика Белград и Приштина на деескалација на состојбата на северот на Косово

Од:

Министерот за надворешни работи и Претседавач со ОБСЕ, Бујар Османи, денес објави дека остварил комуникација со шефовите на дипломатиите на Србија и Косово, повторувајќи го повикот за активности од двете страни за итна деескалација на состојбите на северот од Косово.

„Од клучно значење е Србија да дозволи итен пристап и ослободување на притворените косовски припадници на полицијата. Косово и Србија треба да почнат со имплементација на предложениот план за деескалација на меѓународната заедница, потсетувајќи се дека КФОР има задача да обезбеди безбедност и стабилност во северните општини на Косово.“ – посочува Османи.

Османи, уште еднаш повика сите страни да работат на мир и стабилност, посочувајќи на подготвеноста на ОБСЕ за активна улога во овој процес, соодветно на потребите.

Би можело да ве интересира

ВЛЕН: Македонија и Косово постигнуваат одлично соседско партнерство откако ние сме на власт

Горан Наумовски

ЕУ: Напредокот во нормализирањето на односите со Белград е единствениот начин Приштина да напредува

Таравари: На Косово му е потребно Курти да продолжи уште четири години со владеење

Избори на Косово: Самоопределување има 41,29 проценти од гласовите

Катерина Ѓуровски

Први резултати на ЦИК во Приштина: Самоопределување освои најмногу гласови – 37,18 отсто

Горан Наумовски

Затворени се избирачките места во Косово

Горан Наумовски