Ослободен е еден шестмината заложници во затворот Маландрино, централниот дел на Грција. Чуварот успеал да избега откако полицијата го опколила затворот и употребила солзавец.
Затвореникот од албанска националност Алкет Ризај синоќа зеде шестмина заложници меѓу кои четворица затворски чувари и двајца осуденици.
Ризај е вооружен е со две рачни бомби и ножеви и се заканува дека ако не биде ослободен ќе ги активира бомбите.
Ризај (36) во 2003 година осуден е на доживотна казна поради убиства, Тој двапати побегна од атинскито затвор Коридалос со максимално обезбедување. Во 2006 и во 2009 година од затворот побегна со хеликоптер.