Организација за борба против антисемитизам реагира на назначувањето на новиот грчки министер за здравство

Од:

Водечката светска организација за борба против антисемитизмот Лигата против клевета (АДЛ), изрази загриженост во врска со назначувањето на Макис Воридис за министер за здравство при реконструкцијата на грчката Влада, јави дописникот на МИА од Атина.

Во изјавата за „Катимерини“, националниот директор на АДЛ Абрахам Фоксман, кој пред неколку дена во Атина се сретна со Андонис Самарас, истакна дека изборот на Воридис, адвокат со екстремно десничарско минато, е во спротивност со ставот на грчкиот премиер при акцијата против неонацистичката партија Златна зора во Грција.

– Тажни сме и загрижени поради назначувањето на Макис Воридис за министер за здравство. Го поздравивме ставот на премиерот во случајот со Златна зора но истакнавме дека ова назначување го поткопува неговиот пристап, рече Фоксман.

Според него, Самарас поставил високи стандарди во однос на моралот и почитувањето на различностите, но сега го назначил Воридис за министер. Грчкиот премиер не се сложил со ставот на АДЛ но се согласил „да го испита ова прашање повторно во иднина“.

Фоксман изрази резервираност во врска со тоа дали конзервативниот лидер е решен да остане на истата позиција во врска со Златна зора, која ја опиша како „отров што го инфицира грчкиот политички систем“.

Тој исто така на Самарас му го пренел незадоволството на АДЛ, чие седиште е во САД, за резултатите од неодамнешното глобално истражување за антисемитизам што го спроведе организацијата.

Истражувањето, чии резултати беа објавени минатиот месец, покажа дека 69 проценти од Грците имаат антисемитски ставови. Фоксман изјави дека Самарас му рекол оти е „шокиран“ од резултатите и дека двајцата се договориле да дискутираат за мерки со кои би се спречил овој тренд.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит