Орбан: Брисел е виновен за кризата

Од:

Унгарскиот конзервативен премиер Виктор Орбан вчера изјави дека размислува за нов систем кој ќе ја замени демократијата поради излегување од кризата и ја критикуваше Европската комисија поради нејзиното менаџирање со економската криза.

„Треба отворено да се каже дека кризата е всушност криза на Брисел. Брисел е главната пречка во изнаоѓањето вистински решенија за надвладувањето на економската криза#, изјави унгарскиот премиер Виктор Орбан пред повеќе илјади негови симпатизери.

Говорот беше дел од неговата посета на соседна Романија, во градот Туснадфурди, 230 километри северно од Букурешт, каде што живее голема унгарска заедница.

Би можело да ве интересира

Орбан: Брисел се подготвува за војнa

Орбан: Европската Унија денес е лав без заби, без ресурси и автономна сила

Се подготвува воен сојуз меѓу Србија и Унгарија

Сијарто: Унгарија не го поддржа новиот пакет помош на ЕУ од 20 милијарди евра за Украина

Зеленски: Унгарија е единствената земја што го блокира членството на Украина во ЕУ

Орбан: Злосторство е Унгарија да се откаже од својот став да остане надвор од војната во Украина

Горан Наумовски