Грчките власти од синоќа ја зголемија готовноста поради опасноста од поплави како последица на драматичното покачување на нивото на водите во реките Марица, Арда и Еритропотамо на територија на Грција и поради преливање на вештачкото езеро кај Ивајловград во Бугарија, објави весникот „Етнос“.
Земјоделците од крајречните реони во северна Грција се повикани под итно да ги повлечат земјоделските машини од опасните реони во близина на коритата на трите реки.
„Етнос“ посочува дека заради обилното топење на снегот од планините во Бугарија и поројните дождови се прелеаало вештачкото езеро кај Ивајловград.
Општинските власти информираа дека го следат нивото на водите на трите реки и дека за сите преземени мерки навреме ќе ги информираат жителите.